ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ковачевски забранил морска храна и апетисани во Владата

По објавувањето на скандалот од Алсат, дека во услови на криза Владата потпишала тендер од 20.500 евра за морска храна, октопод и свежа риба, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека донел одлука таа храна да не се служи во рестораните на јавните институции.
Ковачевски првпат одговори и на причините зошто Владата еден месец не го доставува извештајот за трошоците од 400 илјади евра за саемот во Белград.
И покрај тоа што премиерот вети дека денеска ќе ги добие извештаите од надлежните сектори во Владата и ќе го достави деталниот извештај за трошењето на парите, од Владата денеска ни одговорија дека се уште не ги подигнале сите фактури. Од таму велат дека штом ги соберат ќе ги објават на „Отворени финансии“.
Мефаил Исмаили