МАКЕДОНИЈА

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен дожд

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен дожд

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне прво во западните, а во вечерните и ноќните часови и во останатите подрачја на земјава ќе биде облачно со повремен дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Advertisements

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

Во Скопје променливо облачно, а во вечерните и ноќните часови облачно со повремен дожд. Во делови од Скопската Котлина врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи, засилен до силен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме. Максилната температура ќе достигне до 23 степени.

Утре и во првите денови од следната недела ќе преовладува претежно стабилно време. Ќе дува засилен до силен северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button