
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја спореди ситуацијата во Нагорно Карабах со Косово, наведувајќи дека овој конфликт покажал како замрзнатиот конфликт, кога некој ќе го одмрзне, може да се претвори во вистинска катастрофа.
„Многумина денес може да помислат дека ситуацијата е многу подобра од порано, поради внатрешната состојба во Косово, бидејќи не е можно да се очекува посилен притисок врз Србија до декември и јануари од страна на големите сили. Но, конфликтот во Нагорно Карабах покажа како замрзнат конфликт, кога ќе се одмрзне, може да се претвори во вистинска катастрофа“, нагласи тој.