МАКЕДОНИЈА

ТППЕ Куманово доби возило за гасење пожар со пумпа за гасење пожар

ТППЕ Куманово доби возило за гасење пожар со пумпа за гасење пожар

Кумановската територијална противпожарна единица е една од 14-те противпожарни служби кои добија возило за гасење пожар, соопштија денеска од ТППЕ Куманово.

Advertisements

Со добиеното возило значително ќе се подобри ефикасноста во работењето на кумановската противпожарна единица, сметаат надлежните.

– Станува збор за теренско противпожарно возило 4×4 со вградена високопритисна пумпа и витло за брза интервенција со должина од 50 метри, резервоар за вода од 450 литри и 10 литри средство. Може да се користи за гасење пожари на отворен простор, за пожари на патнички моторни возила и слично, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Територијалната противпожарната единица располага со осум противпожарни и сега со три теренски возила. Кумановската противпожарна единица ги покрива териториите на Куманово, Липково и неретко интервенира на подрачјето на Старо Нагоричане како поддршка на тамошните пожарникари. Досега според податоците на командирот од поечтокот на годинава се случиле околу 330 пожари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button