ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Голем дефект остави дел од Скопје без струја

Голем дефект на 110 киловатна станица утрово ги остави жителите на Карпош, Ѓорче Петров и Сарај без електрична енергија. Од ЕВН посочија дека нивни екипи веќе излегле на терен за да го санираат дефектот.
Поради прекинот на струјата во овој дел од градот, настана хаос и во сообраќајот бидејќи не работеше сообраќајната сигнализација.
Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) денеска изутрина информираа дека ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови во Карпош од 9 до 11 часот, кога струја ќе немаат корисниците од булевар „Партизански одреди“ зграда број 165, а од 9 до 14 часот корисниците од дел од улица „Дамаска“.
Ваквата информација Општина Карпош ја објави на својата официјална Фејсбук страница, по што следеа бројни коментари од граѓани кои информираа дека без струја останале речиси сите улици во Карпош, а не само наведените од РЦУК.