МАКЕДОНИЈА

Ахмети попушти пред дел од барањата на „огнените“

Речиси шест часа траеше средбата на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети со незадоволната група во партијата. Ахмети потклекна пред дел од барањата на групата предводена од потпретседатели, пратеници, градоначалници и членови на извршната власт. Лидерот на ДУИ прифати да се свика Генералниот совет на партијата, а потоа да продолжи со изборот на партиските органи и да се добие отчет од извршната власт.

Advertisements

„На 15 октомври ќе се свика состанок на Генералниот совет како највисок орган меѓу два конгреса. Овој совет ќе избере претседателство, надзорен совет и откако ќе заврши средбата на советот со Генералниот совет со анализа за политичките случувања во земјата, состанокот на претседателството се повлекува за да ги избере другите органи на партијата. Треба да се изберат секретаријати и други тела во рамките на претседателството. Целиот овој процес го водат членови на генералниот совет, активисти и функционери на ДУИ“, рече Ахмети. بوكر حقيقي على النت

Ахмети ги отфрли тврдењата дека во ДУИ има огнена група.

„Нема оган. Немаше огнена група“, рече Ахмети.

Меџити беше прашан дали има или нема конечен договор, но Ахмети интервенираше велејќи дека денеска таму не биле за да се договорат. بلاك جاك كازينو Меџити додаде дека дебатата продолжува. طريقة المراهنات في كرة القدم

-Г-не Меџити дали сте оптимист за конечен договор?

„Не, мислам дека претседателот одговори на сите прашања и дебатата е внатре во ДУИ“; рече Меџити.

Ахмети додаде дека ништо не може да го наруши единството во ДУИ, додавајќи дека секогаш се обврзувал да ги почитува различните мислења во партијата. Запрашан за постапките на пратеникот Кастриот Реџепи, кој се очекува да влезе во пратеничката група на ДУИ, Ахмети рече дека неговата постапка била направена свесно и тој останува дел од парламентарното мнозинство.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button