

Alsat
02.08.2020 15:10
Заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5 отсто, додека државниот долг 50,7 проценти, соопшти Министерството за финансии.
Покачувањето на јавниот и државниот долг во вториот квартал, како што посочуваат оттаму, се должат пред се на повлекувањата на средствата преку еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монетарен фонд, со цел обезбедување на ликвидност во време на КОВИД-19 кризата, обезбедување на средства за реализација на антикризните мерки и непречено извршување на буџетот и покрај кризата, односно покривање на зголемениот дефицит поради падот на приходите како резултат на КОВИД кризата. Проекциите за до крајот на годината се дека јавниот долг ќе се задржи на 59,6 посто од БДП, додека државниот ќе се намали на 49,6 отсто од БДП.