ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Инфективното одделение во Тетово преполно со пациенти

51 пациент со коронавирус се хоспитализирани во тетовската болница, со што капацитетот на инфективното одделение е преполн. Во меѓувреме, болницата модифицираше два ката на одделението за интерна медицина со 120 легла во случај ако се зголеми бројот на пациенти. Во меѓувреме, двајца лекари заразени со Ковид и еден дел од персоналот, се во изолација.

Advertisements

„Има заразен лекар и имаше, но среќа е што во овој центар каде што работиме со заразените, многу малку вработени се болни. Направивме еден вид реорганизација и преместивме лекари и медицински сестри и исто така направивме резервен список ако бројот се зголеми за да се справиме со ситуацијата. Најмладиот пациент има 59 години, а најстариот е околу 74. Кислородот од минатата година е централен. Го поврзавме секој простор и нема проблем“, вели Гезим Нуредини, координатор на болницата.

Лекарите апелираат граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат мерките, особено пред банките и на пазарите.

„Кога ќе одам пред банките, реагирам сам, не чекајте полицијата или обезбедувањето да дојдат и да ве отстранат. Кај банките, не е работа на полицијата или на управата на банката, кога одам таму, јас реагирам – маската зошто не ја ставате?! Граѓани, бидете одговорни, веднаш кажете му на другиот”, додава Нуредини.

Во текот на минатата недела во Тетово за неносење маска беа изречени 428 глоби, а Здравствениот инспекторат издаде околу 800 нови решенија за изолација.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button