
Голем дел од граѓаните претпочитаат да го започнат денот со шолја кафе. Но, поскапувањето на кафето може да ја промени нивната утринска рутина, бидејќи со најновите цени едно кафе во Скопје чини и до 80 денари, а трендовите се дека ќе има континуиран пораст.
Граѓаните велат дека кафето станува луксуз.
„Скапо е, но не мора да пиеме кафе, купи и прави си дома и толку“, велат тие.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги за една година е зголемен за 18 отсто, додека извештајот на Еуростат покажува дека и во земјите од Европската унија цената на кафето е зголемена за 17 отсто.
Ардит Рамадани