ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Капацитетите на болницата во Куманово се полни со пациенти со Ковид

Во Куманово за првпат синоќа беше забележан трицифрен број на новозаразени од Ковид-19. 100 лица резултираа позитивни за еден ден, додека 738 случаи се активни. Сите болнички капацитети во овој град се исполнети. Освен на Клиниката за инфективни болести, празен кревет нема ниту во одделот за неврологија. Заразените кои се на домашно лекување, дневните терапии ги добиваат во шатори кои ги постави војската во дворот на клиниката. Армијата од денеска отстапи и неколку амбулантни возила за превоз на пациенти.

Advertisements

Во текот на последните 24 часа, хоспитализирани се уште 38 пациенти со тешки симптоми. 12 од нив во Интерната клиника која е прилагодена како ковид-центар. До 8 часот утрово вкупно 382 лица се хоспитализирани на скопските клиники. Капацитетите генерално се полни, но има уште слободни места.

Министерство за здравство

„Во моментов 27 пациенти се лекуваат на Клиниката за дерматологија, 24 на Клиниката за неврологија, а 53 на Институтот за ТБЦ. 79 пациенти има во болницата 8 Септември, на Клиниката за инфективни болести има 158 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања за деца Козле 42 пациенти, 14 деца и 28 возрасни.“

Од здравство соопштуваат дека од сабота пациенти ќе бидат примани и во два нови ковид-центри, во Клиниките за нефрологија и на гастро во Скопје. Во болниците во другите градови хоспитализирани се 674 пациенти.

Подготви: Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button