ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Панелот во Тетово за апсорпција на чадот не е во функција, чинеше 25.000 евра

Поставен беше пред три години за да го чисти загадениот воздух во Тетово. Овој проект кој беше основан од општина Тетово во соработка со невладина организација од Скопје, чинеше 25.000 евра и ќе заменеше 250 обични дрва за филтрирање на воздухот. Само една година подоцна лисјата од овој проект се исушија и повеќе не се обновија. Сега остана само споменик кој требаше да го исчисти воздухот.

Advertisements

Жителите се жалат дека овој панел го попречува нивното слободно движење. Бараат општината да го врати во функција или да го тргне.

Или нека се одржува или нека се тргне од тука, не треба да биде тука бидејќи не ја одигра улогата што требаше.

На општината треба да и се каже малку повеќе да се грижи за луѓето, за чистотата. Ова треба да се отстрани бидејќи не работи.

Еколозите велат дека ќе беше добро панелот да е во функција сега кога загадувањето е четири пати над нормалата.

„Тоа беше уред кој замени голем број дрвја, но за жал не работи. Инаку би помогнало многу затоа што апсорбира ПМ 2,5 честички и други. Главниот извор на загадување во Тетово доаѓа од сообраќајот бидејќи има многу голем број возила и сообраќајот е многу густ. Од едниот до другиот крај на градот има четири километри и треба да поминете со автомобил за четири минути или пет, а денес не можеме да го поминеме овој пат 15 до 20 минути.“

Еколозите велат дека во отсуство на планови за прочистување на воздухот, општината треба барем да го регулира сообраќајот и да го намали бројот на автомобили.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button