СПОРТФУДБАЛ

Клоп си призна: Не сме во трка за титулата

Ливерпул вчера беше поразен од Арсенал во дербито во ова коло во Премиер лигата со што „црвените“ дојдоа до 10. позиција на табелата со 10 бода. За Ливерпул ова е најлошиот старт на една сезона после 2012/2013 кога имаа девет бода после десет кола.

Таа сезона Ливерпул ја заврши како седми, а Јирген Клоп после дуелот со Арсенал призна дека неговиот тим не е во трката за титулата оваа сезона.

Advertisements

„Повеќе не сме во трката за титулата оваа сезона. Замислете да седам тука и да ви кажам блиску сме…Не е така. Се наоѓаме во тешка ситуација, игравме со Арсенал, ни следи Ренџерс, а потоа Манчестер Сити. Тоа не се идеални противници за враќање на самодовербата. Кога победувате се е супер, кога губите има тешки разговори, а со моите зборови не можам многу да променам. Треба да излеземе и да се бориме“, изјави Клоп.

Извор: Спортски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button