Владата за 10% ќе намалува плати во државни институции
Владата за 10% ќе намалува плати во државни институции

Државните институции, јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост, чии менаџери имаат многу високи плати ќе бидат намалени за 10 отсто, како антикризна мерка, велат од Владата. Премиерот Димитар Ковачевски, рече дека до крајот на месецот ќе изготват список на секторите во кои ќе се намалуваат платите, мерка со која се очекува да се заштедат 3 милијарди денари за една година. Овие пари ќе бидат ставени во новиот пакет помош за сиромашните категории и пензионерите, тврди Ковачевски.
Економската мерка за справување со енергетската и ценовната криза се очекува од следниот месец да понуди финансиска поддршка за најранливите категории граѓани, односно за нешто над 41.000 лица. Ќе добијат вкупна поддршка од 12.000 денари, односно ќе добиваат по 3.000 денари месечно во период од 4 месеци. Министерството за финансии процени дека за оваа мерка ќе бидат потрошени над 8 милиони евра.
Корисниците на пензија до 11.500 денари се очекува да добиваат 6.000 денари, односно 1.500 денари месечно за период од 4 месеци, а корисниците на пензија од 11.500 денари до 14.000 денари, се очекува да добијат финансиска поддршка во вкупен износ од 30 денари, поточно 750 денари месечно, во период од 4 месеци.
А. Мерки за поддршка на ранливите социјални категории на граѓани и за поддршка на засегнатата категорија – корисници на пензија;
Б. Мерки за поддршка на јавните, образовните и здравствените институции за нивно пласирање на регулираниот енергетски пазар за снабдување со електрична енергија;
В. Мерки за поддршка на приватниот сектор, насочени кон микро, мали и средни компании;
Г. Мерка за субвенционирање на цената на струјата и парното за домаќинствата како и за малите потрошувачи.
Според власта, вкупниот фискален ефект од новиот сет мерки се проценува на 22,2 милијарди денари, односно 360,2 милиони евра./Alsat.mk
Аднан Ќаили