Граѓаните: „Владините мерки се популистички“
Граѓаните: „Владините мерки се популистички“

Новите антикризни мерки на Владата не ги воодушевија граѓаните. Оние кои ги анкетиравме велат дека оваа мерка е недоволна за ублажување на кризата и може да помогне само неколку дена. Според нив, мерките се повеќе популистички отколку реални за основните потреби на граѓаните и ова го сфаќаат како сеење магла.
“Јас само живеам во оваа земја, но немам никаква корист! Зошто? Затоа што оваа држава нема интерес за својот народ како што треба, тие повеќе се интересираат за нивниот џеб отколку за народот. Ако тоа е целта, тогаш ние немаме друг избор освен да тргнеме кон Германија или Италија”, рече еден граѓанин.
“Колку мислите дека треба на едно семејство да му се дава месечна помош од државата? Да ни се дадат најмалку 500 евра. Со тие пари би покривале доволно трошоци за еден месец во ова време на криза”, рече друг граѓанин.
Според пресметките, потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство месечно е околу 50 илјади денари. Во септември годинава, во однос на истиот месец лани, инфлацијата е зголемена за 18,7 отсто. На месечно ниво, од август до септември, трошоците на граѓаните се зголемени за 1,6 отсто. Извештајот што го објави Државната агенција за статистика покажува дека за една година трошоците на граѓаните за набавка на храна и пијалоци се зголемени за речиси 30 отсто, а вкупните трошоци за околу 20. Превозот поскапел над 13 насто./Alsat.mk
Аднан Ќаили