МАКЕДОНИЈА

Грковска: Балансерот за вработувањата ја надмина својата функција

Балансерот како алатка за правична застапеност при вработување во администрацијата веќе ја надмина својата функција, а во контекст на процесот на пристапување кон ЕУ треба да размислиме за нов модел и законски решенија коишто ќе го зголемат квалитетот при вработувањето, смета вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Advertisements

 –Јас веќе го кажав мојот став околу балансерот и сметам дека тој како алатка веќе ја надмина својата функција. Злоупотребата на балансерот е се поголема во последно време имајќи предвид дека веќе го исполни она што беше предвидено согласно Охридскиот рамковен договор. Во функција на процесот на пристапување кон ЕУ треба да размислиме за модалитет и законски решенија коишто ќе го зголемат квалитетот при вработувањето, а не само квантативното зголемување. Факт е дека беше една позитивна мерка за да се зголеми учеството на етничките заедници коишто беа помалку застапени, меѓутоа имајќи ги предвид последните случувања сметам дека е надминат, и дека треба да се размислува за нов модел, изјави Грковска на новинарски прашања по положувањето цвеќе пред споменикот на „Ослободителите на Скопје” на платото кај Владата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button