Хотелиерите во Охрид бараат помош за монтирање на фотоволтаици

Во време кога државата се фали дека ги поедноставила условите за поставување на фотоволтаици, хотелиерите од Охрид и Струга се жалат, дека се соочуваат со тешкотии да вложуваат во вакви инвестиции, со што би заштедиле на сметките за електрична енергија. Оние кои се наоѓаат на самиот брег на Охридското езеро,односно се на помалку од 50 метри од него, неможат да добијат градежна дозвола за монтирање на фотоволтаични панели.
„Зборуваме за објекти, кои имаат имотни листови, кои се изградени пред 50 години.Ако се изградени тогаш,тие имаат имотен лист. Во превод што значи, значи ако му се расипе кровот и да бара градежна дозвола да го реновира кровот, тој неможе да добие, затоа што е 50 метри до езеро. Треба да се разгледаат тие опции и треба да се решаваат во сам од“, вели Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.
„И јас се соочувам со тој проблем. Беше изработен проект, кој беше доставен до општина Охрид.Сега треба да го менувам проектот, да биде 50 метри од езерото, одалечен првиот панел и тоа морам да го сменам, за добивање на градежна дозвола за поставување на панели.Тоа за мене е апсурдно,бидејки кровот ако течи, не смееш да го поправиш, треба да го оставиш да течи. Ние само ја менуваме бојата на кровот, ниту темели градиме, ниту објекти градиме. Затоа што не било 50 метри.Било 47 метри кај мене, по некои нивни мерења“, рече Перо Кутаноски, менаџер на хотел.
Ја повикуваат Владата, да ги острани овие спорни за нив одредби, согласно препораките на УНЕСКО.
„Владата рече дека ќе даде некои измени на тие закони и не го направи тоа и тоа е голем минус што не го направи, затоа што секоја една минута што се чека, влијае на економијата и индиректно влијае и на самата влада. Затоа ние мислиме да заклучуваме и да ставаме клуч на врата. Прво се прави проект и проектот се поднесува во општина. И општината дава одговор, вие сте поблиски од 50 метри, неможе да ви ја издадеме дозволата за поставување на фотоволтаици“, додава Блажески.
Со ваков проблем велат од ХОТАМ се соочуваат многу хотели, кои се наоѓаат на самото езерско крајбрежје.
Мики Трајковски