ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Голем број продавници во Тетово се затворија поради кризата

Во Тетово и околината секој ден се затвораат мали бизниси или продавници како последица на економската и енергетската криза. Жителите се се повеќе загрижени како ќе ја пребродат зимата. Голем дел од нив велат дека оваа зима освен за храна и за греење, нема да има за ништо повеќе.

Advertisements

„Кризата има многу влијание, но немаме што да правиме. Како прво, немаме дрва, илјада евра се десет метри дрва. Со што да се стоплиме, од село сме. Храната премногу поскапе. Литар масло можеш да купиш за 150 денари, истото важи и за лебот, а кога купуваш леб нема ништо во него. Преживувавме со пензијата на мојот 90-годишен татко“.

„Кризата имаше многу влијание, цените пораснаа, а платите се намалени. Земам пензија од 12 илјади денари, плус живеам под кирија. Работи и синот и зима 22.000, но не можеме да постигнеме, плаќаме и струја многу. Годинава ќе работиме само за струја, ми се чини“

„Има голема криза, многу, но не е само овде, туку воопшто. Оваа година ќе правиме залихи на мало за се“, велат жителите.

Зголемувањето на цените го намали прометот во маркетите. Продавачите на големите маркети велат дека купувањето е намалено на речиси педесет проценти. Оние луѓе кои купуваат брашно, масло или други прехранбени производи на големо се ретки поради кризата и немањето пари.

Претседателот на Занаетчиската комора на Тетово вели дека ако пред две години во овој месец трипати вршеле залихи на стоки за продажба, годинава не се потрошила ниту првата набавка што ја направиле на почетокот на годината.

„Занаетчиите никогаш не исклучувале половина од светилките во продавниците, сега ги гасат затоа што имаат многу високи сметки. Тоа е исклучително голема криза, не знам како ќе ја поминеме зимата. Еднаш што ја наполнивме продавницата не сме ја потрошиле последните две години, не за една година. Нема продажба на стоки. Само во трговскиот центар годинава се затворени 15 продавници, петнаесет што ги имаме евидентирано“, вели Менсур Арифи, претседател на Занаетчиската комора на Тетово.

Најпогодени се продавниците за облека и други бизниси кои од ден на ден се затвораат како последица на поскапувањето и неможноста да се покријат трошоците.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button