МАКЕДОНИЈА

Опозицијата го критикува застојот во борбата против криминалот и корупцијата

Опозицијата жестоко го критикува застојот во борбата против организираниот криминал и корупцијата кое Владата го ветуваше како приоритет. Според нив, Европската комисија со својот извештај потврдува дека Македонија сериозно заостанува на овој план и оти домашните правосудни институции мора да ја вратат изгубената доверба.

Advertisements

“Северна Македонија како држава за жал постојано се лизга во однос на корупцијата. Корупцијата стана ендемична, што го потврдуваат извештаите на Европската комисија, но и други институции. Сведоци сме дека „Фридом хаус“ ја прогласи Македонија за хибриден режим, „Транспаренси интернешнал“ ја рангираше Македонија меѓу првите земји по корупција, прогласи ендемска корупција, имаме земја во која доверба во судството имаат само 8% од граѓаните. Спомнавме квалитетен ветинг со карактеристиките на Европската унија во правосудниот систем, реформирање во системот за избор на обвинители и судии и нивно дисциплинирање, ја споменавме и реактуелизацијата на мисијата на високи експерти на Европската комисија, како што беше комисијата на Прибе“, рече Елми Азири, Алијанса за Албанците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button