МАКЕДОНИЈА

Од сабота пораст на дневната температура

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Во Скопје променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд.

Advertisements

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наместа врнежите ќе имаатпороен карактер, локално се очекува денеска и утре да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен.

Од сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура. В недела ќе биде претежно сончево и потопло.

Во следните три дена ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе се движи од 0 до 11 степени, а максималната од 16 до 24 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button