ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
САД се задоволни од обновата на дијалогот меѓу Србија и Косово


Алсат
20.07.2020 09:46
Стејт департментот изрази задоволство од продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на Европската унија и додаде дека го поддржува тој дијалог.
„Задоволни сме што Европската унија ги организира состаноците меѓу Србија и Косово и ја нудиме нашата целосна поддршка“, рече неименуван претставник на Стејт департментот во писмениот одговор на прашањето за Гласот на Америка за продолжувањето на дијалогот меѓу двете страни.
„Нашата цел е договор што двете страни ќе го постигнат за сеопфатна нормализација на односите. Нормализацијата е од суштинско значење за обезбедување стабилност, напредок и безбедност на Западен Балкан“, се вели во одговорот.