
Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја истакна потребата од поддршка на земјоделците, бидејќи според него војната во Украина нѐ научила за важноста на енергијата и храната. Според него, Владата има намера да ги субвенционира земјоделците со цел да се зголеми локалното производство и што е можно повеќе да се намали увозот.
„Денеска сме тука да покажеме како ќе обезбедиме храна за сите. Војната во Украина нѐ научи кои се главните елементи за живот, а тоа се енергијата и храната. Сакаме нашите земјоделци да имаат подобри услови и полесно да се соочуваат со предизвиците. Мора да се зголеми локалното производство, преку субвенции, европски фондови и човечки ресурси“, изјави Димитар Ковачевски.