Балансерот е законско решение од Охридскиот договор

Премиерот Димитар Ковачевски се спротивставува на ставот на вицепремиерката Грковска за балансерот, нарекувајќи го нејзин личен став, а не на Владата. Според него, балансерот е законско решение кое доаѓа од Охридскиот договор, затоа не може да се отстрани како алатка за вработување.
И од Министерството за информатичко општество не се согласуваат со ставовите на вицепремиерката Славица Герковска за смена на балансерот. Министерот Адмирим Алити рече дека мора да се почитува Законот за соодветна застапеност и побара од институциите да го користат „балансерот“. Тој дури најавува нов закон со кој ќе се спречи злоупотреба на балансерот.
„Алатката генерално се покажа како успешна, бидејќи и покрај времето кога оваа алатка не постоеше и кога застапеноста во институциите не беше соодветна, денес е подобра, но не и совршена. Сè уште имаме институции каде што има несовпаѓање меѓу различните националности на вработените. Значи, оваа алатка е механизам за решавање на тоа несовпаѓање“, наведува Алити.
Вицепремиерката Грковска пред неколку дена изјави дека балансерот како алатка веќе ја надминал својата функционалност. И од ВМРО ДПМНЕ се изјаснија за промена на балансерот, а од Алијанса оценија дека балансерот треба да остане, но бараат контролен механизам за да се спречи негова злоупотреба.
Мефаил Исмаили