СВЕТ

Силен земјотрес ги погоди Хаваи при зголемена активност на вулканот Мауна Лоа

Силен земјотрес ги погоди Хаваи при зголемена активност на вулканот Мауна Лоа

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала вчера го потресе хавајскиот вулкан Мауна Лоа – најголемиот активен вулкан на планетата, кој според научниците е во „состојба на зголемување на активност”.

Advertisements

Луѓето на Големиот Остров пријавиле дека почувствувале благи потреси од земјотресот.

Градоначалникот на округот Хаваи, Мич Рот, изјави дека засега нема извештаи за штета или повредени.

Според американскиот геолошки институт, најмалку осум помали последователни потреси следеле по земјотресот во резерватот Кау Форест во близина на југоисточниот град Пахала на островот.

Мауна Лоа не еруптира и засега нема знаци за претстојна ерупција. „Меѓутоа, Мауна Лоа и понатаму е во состојба на зголемена активност, за што сведочи зголемената сеизмолошка активност”, соопшти Геолошкиот институт на САД. „Ова најверојатно е предизвикано од обновениот прилив на магма во резервоарскиот систем на врвот на Мауна Лоа”.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека нема опасност од цунами за оваа американска сојузна држава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button