ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ДУИ ќе бира нови потпретседатели, по барање на „Огнената група“

Генералниот совет на ДУИ денеска ќе оддржи избори на нови партиски функционери со што се очекува смирување на тензиите предизикани од таканаречената „Огнена Група“ која со писмо во јавноста неодамна побара смени на високи функционери во партијата. Партискиот централен совет треба да одбере нови потпретседатели и генерален секретар, кои ќе имаат мандат до следниот партиски конгрес. Состанокот на членовите на Централниот совет започнува од 13 часот.