ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот
Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода вчера го лишиле од слобода Т.К.(35) од Скопје, кој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ од возило на Б.Т. од Скопје и одзел предмети.
Како што информира МВР, одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Т.К. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.