ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Еуроњуз: Софија го блокира Скопје поради своите внатрешно-политички проблеми

Долгогодишниот спор меѓу Северна Македонија и Грција е решен, а европските лидери му дадоа зелено светло на Скопје за влез во ЕК. Но, пред Северна Македонија постои уште една пречка – Бугарија, наведува Еуроњуз во анализата „Бугарија става кочници за соништата на Северна Македонија за ЕУ. Еве зошто“.

Advertisements

Според Еуроњуз, Бојко Борисов тоа го прави заради неговите внатрешно-политички проблеми. Софија, која моментално зафатена со долготрајни антивладини протести, се противи на започнувањето на разговорите за членство, велејќи дека не е задоволна од „сегашната рамка за преговори“.

Протестите против корупцијата во Бугарија траат повеќе од 100 дена, а демонстрантите бараат оставка од премиерот Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев. Тие се обвинети за поврзаност со олигархиската мафија. Борисов, кој одби да поднесе оставка, досега преживеа пет гласања за недоверба во Парламентот.

Непријатна вистина е дека процесот на проширување е привлечна алатка за членките на ЕУ да наметнат политики и промени на нивните соседи кои се надвор од ЕУ.

За Бугарија, процесот на пристапување кон Северна Македонија е начин да извлече отстапки во исклучително деликатен момент за Скопје. Иако повеќето од барањата се нематеријални прашања како идентитетот и историјата, тие ја одрзауваат потребата на бугарската Влада за заземе силна националистичка позиција поради внатрешно политички причини. Особено во време на обвинувањата за корупција, улични протести и економски тешкотии заради пандемијата, пишува Еуроњуз.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button