ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Собраниска седница, на дневен ред и измените на Законот за граѓански организации

Измените кои ги предлага опозицијата и со кои се предвидува забрана за формирање правни субјекти со контроверзни имиња се на дневен ред на денешната пленарна седница, а со нив се предвидува да бидат опфатени и веќе регистрираните бугарски клубови. Претходно премиерот Димитар Ковачевски упати јасен повик до пратениците од владејачката коалиција да дадат поддршка за измените кои ќе го спречат напливот на бугарски клубови со спорни имиња.