ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изборот на Ристо Пенов на дневен ред во Собранието

Предлогот за избор на Ристо Пенов за министер за локална самоуправа денеска ќе биде на дневен ред на 88. седница на Собранието на Република Северна Македонија.

Advertisements

За ова министерско место Ристо Пенов е предложен од Либерално-демократската партија откако досегашниот министер Горан Милевски на 20 септември, од лични причини, си поднесе оставка од функцијата.

Пратеничката Моника Зајкова од Либерално-демократската партија вели дека преземањето на поранешниот лидер на партијата, Ристо Пенов на Министерството за локална самоуправа ќе ѝ даде нова димензија на партијата.
Таа вели дека Пенов имал успешни проекти додека го водел градот Скопје и дека може да го преземе кормилото на Министерството за локална самоуправа, а тоа и дава една нова димензија на партијата во делот на тоа што ние го викаме обединување, да малку ги сплотиме луѓето на едно место и да настапиме со поинаков концепт.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button