ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
(ВИДЕО) Жив штит пред булдожерите! Членови на кајакарскиот клуб „Црни Дрим“ не дозволуваат уривање на нивниот објект

Со жив штит членовите на кајакарскиот клуб „Црни Дрим“ од Струга не дозволуваа да се отстрани хангарот каде се сместени кајаците и другата опрема на клубот.
Со жив штит го бранеа пристапот до него, а вербално ги нападнаа и медиумските скипи.
Активностите за уривање на монтажниот објект се преземени од страна на општина Струга, од каде наведуваат дека објектот се наоѓа на државно земјиште.
Од клубот велат дека неколку пати до сега поднеле барање за да им се додели локација за нивниот објект.