Почнува јавната расправа за заштита на Матка

Предлог-законот за прогласување на кањонот Матка за монумент на природата денеска беше пред граѓаните и невладините организации кои имаа дилеми за некои одредби од наведениот закон. Давор Пехчевски рече дека овој предлог закон треба да се усогласи со Законот за заштита на природата, бидејќи во форма во која се предлага има нејаснотии за тоа кој ќе стопанисува со одредени области. Тој додава дека една од најпозитивните работи во овој закон е тоа што областа на Матка е синхронизирана со онаа на Водно.
Министерот за екологија Насер Нуредини рече дека овој закон ќе биде испратен на одобрување дури откако ќе се направат измените предложени од засегнатите страни, вклучително и оние за забрната на ловот..
„Јасен“ е дел од она што долго време го разговаравме со Министерството за одбрана. Идејата е усогласување на менаџирањето на Матка како регион. Две и пол години се обидуваме да дојдеме до оваа точка до која сме сега за подготовка на предлог-законот. Сега ќе ги слушнеме сите заинтересирани, главно граѓаните, општините и Градот нормално, за да можеме правилно да донесеме закон“, рече Нуредини.
Две години по стапувањето во сила на законот, треба да се подготви протокол за управување со оваа област, кој треба да важи во наредните 10 години. Главните надлежности ќе паднат врз Град Скопје и општина Сарај, со што ниту една од овие две општини нема да може да донесе одлука без другата.
Еви Шкопи