
Економската и енергетската криза тропна на вратата на секое семејство, но најмногу ги погоди семејствата без доволно приходи. Поскапувањето на основните прехранбени производи го отежна снабдувањето дури и со основните работи. Гилатмана Мустафова, која живее сама, вели дека и требаат 1.000 денари дневно само за храна.
Шефи Џемшедини од Корошишта, Струга, вели дека во една куќа живеат 12 членови, а земаат само една пензија. Вели дека со парите што ги добива не може да ги покрие трошоците ниту за плаќање на сметките.
„Дома сме 12 лица, живееме заедно. Живееме во струшкото село Корошишта. Не знам колку можеме да потрошиме, бидејќи во село, половина од производите ги произведуваме сами, ако ги купиме со платата што ја имаме, пензијата што ја земам, 200 евра, не е доволна ни за трошоците за струја, вода, и не ни останува да јадеме. Освен пензијата што ја земам, ќерка ми е болна, сопругата не работи никаде, само мојата пензија а другите се невработени, никој не работи“, вели Шефи.
Претседателката на платформата за борба против сиромаштијата Билјана Дуковска вели дека кризата најмногу ги погодила сиромашните кои се принудени да плаќаат повеќе за основни работи.
Според последните податоци на Државниот завод за статистика, потрошувачката кошничка за четиричлено семејство достигна 50 илјади денари.
Ајнур Бафќари