ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието ќе расправа за предлогот Ристо Пенов да биде министер за локална самоуправа

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја продолжи 88. седница, на која пратениците ќе дискутираат за предлогот за избор на Ристо Пенов за министер за локална самуправа.

Advertisements

Пенов е предложен за ова министерско место откако досегашниот министер за локална самоуправа Горан Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата од лични причини. Оставката на Милевски беше констатирана на вчерашната пленарна седница.

На денешното продолжение на 88. пленарна седница, пратениците меѓу другото ќе дискутираат и за предлозите за избор на судии на Уставниот суд, како и за Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button