Маричиќ од Брисел: Водиме социјална политика која има исти цели како европската
Маричиќ од Брисел: Водиме социјална политика која има исти цели како европската

Денеска во Брисел се одржува објаснувачкиот состанок за Поглавје 19, „Вработување и социјална политика“, на кој вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, истакна дека социјалната политика која ја води Владата е во насока на постигнување на целите на „социјалната и солидарната ЕУ“ политика.
-Остануваме посветени на создавање еднакви можности за сите, на забраната на дискриминација по која било основа и на зајакнување на социјалниот дијалог. Правична распределба е основна појдовна точка за социјалната политика на Северна Македонија и ЕУ, рече Маричиќ.
Денес се одржаа два објаснувачки скрининг состаноци од Кластерот 3, за Поглавје 26 „Образование и култура“ и Поглавје 19, „Вработување и социјална политика“.