ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Џафери: Отсекогаш сум комуницирал и сум се консултирал со Ахмети

Џафери: Отсекогаш сум комуницирал и сум се консултирал со Ахмети

Членот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери, поканет во „Програмата 200“, изјави дека e во постојана комуникација и консултација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Advertisements

Господине Џафери, го стопивте ли мразот со господинот Ахмети?

„Всушност немаше мраз, направивме напори да влеземе во колосеците на институционално функционирање според статутот и програмата на партијата“, изјави Муса Џафери.

Дали се консултирате лично со господинот Али Ахмети?

„Се консултираме, комуницираме. Моите размислувања и грижи секогаш сум ги изнесувал, директно со господинот Ахмети“, рече Џафери.

Немавте прекин во комуникацијата со него?

„Не, не…“

И сега младите од извршната власт откако се вративте во партијата, ве слушаат?

„Бараме да има комуникација, отчетност на неприватен, несоцијален начин. Но, тоа треба да биде во рамките на органите, бидејќи органите се тие што делегираат задачи и делегираат функции“, изјави Муса Џафери. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button