Џафери: Не е крај на светот ако се разрешат Бујар, Артан или Фатмир Бесими
Џафери: Не е крај на светот ако се разрешат Бујар, Артан или Фатмир Бесими

Не е крај на светот ако си заминат актуелните министри од ДУИ и им отворат пат нови кадри, изјави во „Емисијата 200“ Муса Џафери, член на претседателството на ДУИ.
„Зошто е крај на светот ако може да се реконструираат Артан, Бујар или Фатмир Бесими, мојот колега, за да дојдат други? Тоа се тие што тврдат дека ќе дојдат млади, нека ни направат пат да видиме кои се тие млади луѓе. Не е трагично…#
Значи тие први треба да ја напушта извршната власт, да се сменат?
Кој?
Како што ги спомнавте г-дин Груби, г-дин Османи и г-дин Фатмир Бесими?
„Ова е мое индивидуално мислење како член на Претседателството. Врз основа на отчетноста и резултатите, ќе се направи класификација и ќе се донесе одлука кој ќе замине, кој ќе го напушти местото. Нема да ги носиме на гилотина. Ќе работат на други функции, ќе работат партиски функции“, рече Џафери. /Алсат.мк