Ахмети и Тачи се сретнаа во Собрание, еве за што е разговарано

Последните политички случувања во земјава беа во фокусот на вчерашните разговори на лидерите на двете политички партии ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Според соопштението на ДПА, Мендух Тачи ја истакнал важноста од промена на членот од Уставот на Р С Македонија, односно математичката формулација 20% во однос на Албанците да се замени со адекватна формулација како (албански народ, албански јазик ).
„Вчера во просториите на Собранието на Република Северна Македонија се одржа средба помеѓу претседателот на ДПА, г. Мендух Тачи и претседателот на Демократската унија за интеграција г. Али Ахмети. Во оваа прилика г. Мендух Тачи го информираше г. Али Ахмети со последната резолуција на 8-миот конгрес на ДПА која се однесува на промена на членот од уставот на РСМ, каде математичката формулација 20% во однос на Албанците треба да се замени со соодветна формулација како (албански народ, албански јазик) . На оваа средба се разговараше и за политичките актуелности во земјава и пошироко. Соговорниците се согласија ваквите средби да продолжат и со други политички фактори, експерти од областа и граѓанските општества“, се вели во соопштението на ДПА. /Алсат.мк