ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Бектеши: Со мала промена на секојдневните навики до голема разлика во справувањето со енергетската криза

Министерот за економија, Крешник Бектеши апелираше до сите во државата за рационално и штедливо користење на електричната енергија, особено по почетокот на грејната сезона, бидејќи, како што кажа, состојбата со енергетиката во цела Европа, воопшто не е за шега.
„Сакам да апелирам до сите, дека состојбата во енергетскиот сектор, не само во цела Европа, не е шега и секој степен помалку, е заштеда од околу 5%. Грејната сезона започна и треба сите ние, во наредниот период малку да се фокусираме на штедење и на начините како да го направиме тоа. Мала промена на секојдневните навики може да направи голема разлика во справувањето со енергетската криза“, рече Бектеши.