ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ЈСП со ултиматум до надлежните

Вработените во ЈСП го дадоа својот ултиматум. Доколку и денеска не земат плата од утре во 4 часот и 30 минути наутро, ќе протестираат со семејствата и нема да има автобус во сообраќај. Трите синдикати одржаа протест пред централните канцеларии на оваа компанија. Фрижидерите им се празни, а поради доцнење не ги отплатиле ниту ратите од кредитот.

Advertisements

Еден час подоцна, автобуси на ЈСП беа паркирани пред Владата. На чело на протестот беше директорот на ова претпријатие и секретарот на Град Скопје. Тие не веруваат дека работниците ќе штрајкуваат.
На електронската пошта на ЈСП изутрината пристигнала мејл со најава за бомба во еден од автобусите, додека по полициските проверки се покажало дека станува збор за лажна тревога. Но, првиот човек на Самостојниот синдикат на возачи, Африм Муча, рече дека е обвинет од вршителот на должноста директор Александар Стојковски, дека тој стои зад електронската пошта за бомба во еден од автобусите.

„Тој ме обвинува мене затоа што јас сум тој што стои зад целата ситуација што се случи денеска. Ми кажа „бомбаш“. Од утре ја започнувам постапката за клевета“, рече Муча.

Директорот на ЈСП негираше дека упатил такви обвинувања.
И покрај тврдењата дека Владата и должи на ЈСП, извршната власт вчера преку соопштение порача дека ништо не ѝ должат на оваа компанија.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button