МАКЕДОНИЈА
Таравари: Реформска влада за градење на правна држава

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, коментирајќи го Извештајот од Европската комисија оцени дека државата потфрла во повеќе сектори и оти се потребни промени за да се надмине таквата состојба.
„За да се промени оваа состојба потребна е сеопфатна мобилизација на општеството на граѓаните и сите прогресивни сили за да се спроведе реформска влада која ќе биде насочена кон градење на правна држава и рамноправен систем на еднаквост каде што никој нема да биде над законот и државата ќе им се врати на граѓаните“, рече Таравари.