ЕКОНОМИЈА
ЕСМ следната недела ќе ги објави компаниите за гас

ЕСМ го пролонгира објавувањето на компаниите кои испратиле понуда на јавниот оглас за набавка на природен гас. Наместо денес од државната компанија за Алсат велат дека сите понуди ќе бидат објавени следната недела односно во вторник. Намерата е да се остави дополнителен простор за што повеќе понуди на тендерот. Гасот кој државната ЕСМ треба да го набави ќе биде искористен за производство на топлинска енергија. Според информациите на тендерот ќе учествува и една од компаниите кои ги предложи опозицискиот лидер Мицкоски. Во случај да нема пријавено ниту една компанија, односно до ЕСМ да не пристигнала ниту една прифатлива понуда за гас, во тој случај топланите ќе работат на дизел гориво или на мазут.