Таравари ги отфрла шпекулациите за влез во Владата

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, дефинитивно ги отфрла гласините за можни преговори за влез во владата. Тој вели дека имало многу шпекулации за неговата изјава која ја даде пред извесно време.
„Постојано повторував дека нема што да се преговара за влада. Ова се само шпекулации кои верувам дека владата ги прави. Не го негирам тоа што го кажав во првата изјава. Ако има таква понуда, ние не сме партија каде што одлучува претседателот, ние сме партија каде што одлучуваат партиските тела“, рече Таравари.
Во меѓувреме, лидерот на Алтернатива Африм Гаши, коментирајќи го прашањето за евентуалната реконструкција на владата и можноста да останат надвор од неа, рече дека тоа не ги засега.
„Ние сме во политиката за спроведување на некои наши вредности, за промоција на политички концепт во кој веруваме, за некои вредности во кои веруваме и ќе ги промовираме тие вредности и тие принципи каде и да сме, без разлика дали во парламентот или надвор од парламентот, било како позиција или опозиција“, рече Гаши.
Дури и премиерот Димитар Ковачевски ги отфрли плановите за поширока реконструкција на неговиот владин кабинет.
Фатлуме Дервиши