Обвинителството го истражува стечајот на Еуростандард банка

Основното јавно обвинителство со два случаи за стечајот на „Еуростандард“ банка. За време на Надзорната расправа во Комисијата за финансирање и буџет, државниот обвинител Љубомир Јовески не откри многу детали за истрагите, за да не го загрози истражниот процес и засегнатите. Истакна дека ќе бидат истражени сите лица за кои доказите и фактите ќе покажат дека се вмешани во стечајот на банката.
Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежовска рече дека од 2013 преземени се 70 редовни и вонредни мерки за спас на банката, од кои 40 во последниве две години. И ја одземале дозволата за работа на банката откако сопствениците не обезбедиле пари за докапитализација на банката, односно таа веќе немала пари за нормално работење.
Сопственикот на банката, Трифун Костовски, обвини дека затворањето на банката е дело на организиран криминал.
Надзорната расправа се искористи и да се политизира случајот. Пратениците на ВМРО ДПМНЕ обвинија дека 29 фирми од Струмица, кои се меѓусебно поврзани, меѓу кои е и фирма на Вице Заев, престанале да плаќаат рати од кредитите неколку месеци пред стечајот. Од СДСМ пак посочија дека и фирма блиска на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски користела кредити. Сепак, пратениците веруваат во ефекти од Надзорната расправа.
Опозицијата пак вели дека треба промени во начинот на Надзорна расправа за да се дојде полесно до вистината.
Целта на Надзорната расправа е да се утврдат можните пропусти, но и да се сменат законите за во иднина да се спречи да пропаѓаат банки.
Еви Шкопи