Мицкоски: Условувањата за измена на Преамбулата се неевропски

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека е непринципиелно и неевропско промената на преамбулата за воведување на народите да е условена од дел од албанските политички партии со бришење на 20 проценти од Уставот. Лидерот на македонската опозиција изјави дека е подготвен да разговара за бришење на 20 отсто од Уставот, но додаде дека е неопходно да се разговара и за отстранување на бандентер и да се направи нов договор за Македонија.
Во врска со поддршката на уставните измени за вклучување на Бугарите, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, вчера изјави дека до крајот на следната недела ќе го обелоденат својот пакет услови кои првично ќе ги претстават на меѓународниот фактор, а потоа и пред јавноста. Таравари додаде дека еден од условите е да се смени дефиницијата за албанскиот јазик во Уставот, која во моментов фигурира како „јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните“.
Мефаил Исмаили