ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Учениците со посебни потреби бараат повеќе терапевти и услови во училиштата

Дени, Мики, Јована и Марија се само дел од луѓето со посебни потреби на кои секојдневието им носи различни предизвици. Меѓу најголемите проблеми е недостатокот на инфраструктура. Дени и Мики преферираат музика и балет, но на училиште одат со голема тешкотија поради недостаток на лифт.

Advertisements

За Јована загрижува претставува паркингот. Во училиштето каде што таа учи секогаш се блокирани паркинг местата за луѓе на инвалидски колички. Овој проблем го има и нејзината пријателка Марија.

Родителите на лицата со посебни потреби нагласуваат дека недостатокот на лични асистенти уште повеќе ја отежнува грижата за овие лица. Тие бараат зголемен број на терапевти и во исто време нови методи на терапија.

Од почетокот на учебната година до Народниот правобранител пристигнале многу претставки поврзани со повреда на правата на лицата со посебни потреби. Заменик-правобренителот Васка Бајрамовска Мустафа за Алсат вели дека најголем број поплаки се однесуваат на немањето асистенти во училиштето, особено нза време на продолжениот престој за учениците од оваа категорија.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button