Следнава недела одлука дали ќе има промена во зимско сметање на времето

Во текот на следната недела Владата треба да одлучи дали во Македонија ќе продолжи летното сметање на времето, со цел да се заштеди електрична енергија. Министерството за економија побара од Бирото за метрологија и од МАНУ да направат истражување кое ќе покаже дали враќањето на стрелките на часовникот оваа зима може негативно да влијае врз потрошувачката на струја кај домаќинствата и компаниите. Од ресорното министерство за Алсат велат, анализите се уште траат.
„Во консултација со експертската јавност, надлежните институции и бизнис секторот за тоа како би влијаело и кои би биле ефектите за промена на сметањето на времето“, велат од Министарството за економија.
Не само за штедењето на електричната енергија, летното и зимското сметање на времето имаат влијание и врз дел од бизнисите. Најчесто тоа се чувствува во извозната компонента, односно транспортниот сектор а се повеќе и кај преработувачката индустрија. Бизнисмените кои ги консултираше Алсат велат дека најважно е поради целокупната комуникација земјава да е усогласена со времето во Европа.
Европската комисија во 2019 година објави препорака до државите таа да биде последна година кога се пресметува летно и зимско сметање на времето. Македонските власти се уште ја немаат применето оваа препорака.
Инаку, зимското сметање на времето значи враќање на часовникот еден час наназад, и тоа досега се правеше последниот викенд од месец октомври. Додека пак летното сметање е последната недела од март. Во двата случаи часовниците се менуваа неколку часа по полноќ во неделите.
Иле Петревски