ЕК: Во Северна Македонија има повеќе судии, а помалку помалку обвинители од европскиот просек

Европската комисија во најновиот Извештај за напредокот на земјава, оценува дека Република Северна Македонија има постигнато одреден напредок во делот на функционирањето на судството, преку стабилно спроведување на стратегијата за реформи во правосудството, со што дополнително се адресираат препораките дадени од Венецијанската комисија и Групата на високи експерти за системски прашања за владеење на правото и оценува дека судскиот систем на Северна Македонија е умерено подготвен, односно земјата има постигнато одреден степен на подготовка.
Судството, според ЕК ја покажа својата посветеност да го заштити својот интегритет и независност.
– Подготовката на новата стратегија за реформи во правосудството започна на инклузивен начин, врз основа на научените лекции од претходната. Спроведувањето на ажурираниот акционен план за стратегијата за реформи во правосудството продолжи, но треба да стане посистематски, се оценува во извештајот на ЕК.
ЕК, исто така, нагласува дека треба да се засили темпото на имплементација на стратегиите за човечки ресурси за судството и обвинителството.