ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Регионот се соочува со пад на стапката на работоспособно население

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска го водеше еден од трите панели на Конференцијата на централната банка на Полска, а останатите два панели ги водеа Гувернерот на Централна банка на Австрија и Гувернерот на Централната банка на Литванија.

Advertisements

„Без сомнение во последните три децении има голем напредок во трансформацијата на економиите на земјите од Централна и Југоисточна Европа и во нивната конвергенција кон напредните економии на ЕУ, при што брзината варира помеѓу различни земји и во различни периоди. Сепак, најмал е прогресот на регионот на Западен Балкан каде доходот во однос на просечниот доход во ЕУ-15 во просек се уште е помал од 40%” истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Говорејќи за работната сила на населението во државите, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека регионот се соочува со пад на стапката на работоспособно население што е одраз на неповолните демографски трендови, но и на иселувањето. Со оглед на проценките дека во некои земји околу 1/3 од емиграцијата се лица со висока квалификација, овие трендови негативно влијаат не само на обемот, туку и на квалитетот на работната сила. Оттаму, структурните реформи се клучни за подигнување на потенцијалот за раст и побрзо доближување до доходот на развиените економии во ЕУ.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button