МАКЕДОНИЈА

Македонско возило излета од пат во Грција, петмина повредени

Петмина државјани на Северна Македонија се полесно повредени и хоспитализирани, но не се во животна опасност по сообраќајната несреќа што кусо по полноќ се случила во северна Грција.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, несреќата се случила на автопатот Егнатиа во близина на Амфиполи, откако, од засега непознати причини, автомобилот со кој се превезувале македонските државјани, се превртел и излетал од патот.

Advertisements

За извлекување на возачот била потребна интервенција од пожарникари.

Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека со помош на спасувачко средство и тројца пожарникари и едно возило бил извлечен возачот на автомобилот и предаден на брзата помош.

Повредените, според АНА-МПА, се пренесени во болниците во Солун и Серес.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button