ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Џафери ќе учествува на Првиот парламентарен самит на Кримската платформа

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ќе учествува на Првиот парламентарен самит на Меѓународната платформа за Крим, што ќе се одржи денеска и утре во Загреб, во организација на Хрватскиот сабор и Врховната Рада на Украина.

Advertisements

На Самитот, на кој ќе биде инаугурирана парламентарната димензија на Кримската платформа, се очекува учество на повеќе од 50 парламентарни делегации од земјите учеснички и меѓународните организации кои ја подржуваат Платформата. На крајот на Самитот се очекува учесниците да усвојат Заедничка декларација.

Во Загреб се очекува на претседателот на Собранието Џафери да му биде врачен Орден на Кнезот „Јарослав Мудриот“. Претседателот на Украина Володимир Зеленски потпиша указ за одликување на неколку странски политичари со Орденот на кнезот Јарослав Мудриот, а меѓу нив е и Џафери.

 

Со Орденот на кнезот Јарослав Мудриот, се одликувани и Ненси Пелоси од САД, Бас Бербел од Сојузна Република Германија, како и повеќе политички личности од Полска, Норвешка, Ирска, Швајцарија, Франција, Естонија, Литванија и Хрватска.

Меѓународната платформа за Крим е формат за консултација и координација на земјите и меѓународните организации кои го подржуваат територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и која има за цел да ја зголеми ефективноста на меѓународниот одговор за тековната окупација на Крим, да одговори на растечките безбедносни закани, да спречи понатамошно кршење на човековите права и да ја постигне главната цел – деокупација на Крим и негово мирно враќање во Украина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button