ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Стапија во сила законските измени за поедноставни процедури за фотоволтаици

Граѓаните и деловната заедница ќе може да постават најбрзо и по најповолни услови фотонапонски електроцентрали за производство на струја. Стапија во сила измените на Законот за градење како дел од низата мерки за поддршка во услови на најголемата светска енергетска криза, информираат денеска од владината прес-служба.

На овој начин, додаваат, се поедноставува процедурата за поставување фотонапонски електроцентрали на објектите и тоа до шест киловати за домаќинствата и до 40 киловати за компаниите.-Клучно е што процедурата е без административни постапки и не е потребно издавање на одобрение/решение за градење од локалната самоуправа. Инвеститорите се сега должни само да ја известат општината и да ги достават потребните документи. За правни лица ќе биде потребен извод од Централен регистар, а за физички лица копија од лична карта, потоа имотен лист за објектот на кој се поставува и основен проект. Контролата дали се поставени фотоволтации како што е предвидено со проектот ќе ја вршат општинските инспектори, се вели во соопштението од Владата.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button